Македонскиот рок-фанк бенд „Фанк шуи“ вчера ја промовираше новата песна „Ветер“. Автори на текстот и музиката се членовите на бендот, а аранжманот е на Бен Милчев. Момците спотот го снимија летово на неколку локации низ Македонија.
„Со надеж дека е свеж, со надеж дека ќе го оддува загадувањето, чувајте се“, напишаа „Фанк шуи“ покрај видеото што го промовираа преку социјалните мрежи.