(Видео) Нова песна на бендот „Фанк Шуи“ во соработка со Вера од групата „Љубојна“

(Видео) Нова песна на бендот „Фанк Шуи“ во соработка со Вера од групата „Љубојна“

пред 3 години

Нашиот бенд „Фанк Шуи“ деновиве премиерно, на нивниот „Јутјуб“ канал, ја објави нивната нова песна со видео запис „Невреме“, за која соработуваа со Вера Милошевска Јосифовска, вокалистката на групата „Љубојна“.

Песната е достапна на сите дигитални платформи и на повеќе од 150 дигитални музички продавници.

Бендот „Фанк Шуи“ ја одбележаа 2020-та со две песни „Метеори“ и „Ветер“ кои се најдоа на најрелевантните топ листи, на Балканот.

Моментов се актуелени со номинациите за видеото „Метеори“ на музичките награди на „МТВ адриа“ во дури 3 категории, а се најдоа и како финалисти на „HEMI Music Awards“.

Share
Scroll to Top