На интернет е објавено ново видео од финската премиерка Сана Марин, како провокативно танцува со поранешната Мис Сабина Сарка.
Марин деновиве е на мета на критики поради неколкуте објавени видеа како се забавува на приватна забава и во ноќен клуб.
Сега е снимена на преполн подиум за танцување во ноќениот клуб Куби. Премиерката танцува и со финскиот пејач Олави Уусивирит. Откако претходно негираше и направи тест за да докаже дека не се дрогирала, сега ги отфрли и шпекулациите дека е во врска со Олави.