(Видео) Нови жртви на Бермудскиот триаголник? - на почетокот на јануари исчезнал глисер со 20 патници

(Видео) Нови жртви на Бермудскиот триаголник? – на почетокот на јануари исчезнал глисер со 20 патници

пред 4 години

Глисер долг девет метри со 20 патници во него, исчезнал на подрачјето на Бермудскиот триаголник, на почетокот на јануари. Многумина теоретичари на заговор, се убедени дека нивното исчезнување е поврзано со местото кое се наоѓа меѓу Мајами, Порторико и Бермудите.

Бермудскиот триаголник е познат по големиот број на поморски и воздушни несреќи. Бродот по кој досега безуспешно се трага, имал два вонбродски мотори од 250 коњски сили. Тој испловил на почетокот на јануари од Биминија, (50 милји од Флорида), и требало да стигне до езерото Ворт.

Но, никогаш не се појавил и не бил виден повторно, пренесува „Асошиетед Прес“. Американската крајбрежна стража, покренала опсежна потрага, во која биле вклучени голем број на авиони и бродови. Но, досега ваквата потрага не дала резултати.

За 84 часа било пребарано подрачје од 17.000 квадратни километри, по што Крајбрежната стража и официјално соопштила дека се откажуваат од потрагата, затоа што не се најден ниту еден патник, ниту остаток од бродот. Поради големиот број на патници, надлежните се сомневаат дека овој случај е поврзан со трговија со луѓе.

Share
Scroll to Top