(Видео) Нов мистериозен монолит ги исплаши жителите во Нов Зеланд

(Видео) Нов мистериозен монолит ги исплаши жителите во Нов Зеланд

пред 3 години

Нов монолит се појави во паркот Крајстчрч во Нов Зеланд. Ова е еден од осумте монолити, кои се појавија на различни места во светот.

Претходно вакви слични метални предмети беа забележани во Јута, Романија, Калифорнија, Унгарија, Колубија, Англија и Холандија. Откако се појавија, некои од нив веднаш мистериозно исчезнаа следниот ден.

Најновиот монолит во Нов Зеланд бил виден минатиот викенд, а на официјалната страна на паркот, била споделена и негова фотографија.

„Таинствен монолит се појави во паркот. Знае ли некој што е ова и од каде доаѓа?“, напишале дел од вработените во паркот.

Иако повеќето монолити се појавија на релативно оддалечени места, се чини дека авантуристичкиот парк Крајстчрч е исклучок, пишува „Униланд“.

Паркот Крајстчрч е со 358 хектари земјиште, кое е во приватна сопственост. Стотина корисници на социјалните мрежи, ја коментирале фотографијата со монолитот, брајќи објаснување и одговори како истиот се појавил на ова место.

Некои сметаат дека станува збор за трик или уметничко дело, додека други коментираат дека е НЛО и дека во него има вонземјани.

Претходно месецов, група на уметници познати како The Most Famous Artist, ја презвема одговорноста за монолитите, а основачот на групата Мети Мо, изјавил дека групата е добро позната по ваквите или слични акции кои ги прават низ светот.

Share
Scroll to Top