Ејч-би-о“ го претстави најновиот трејлер за своето претпродолжение на серијата „Игра на престоли“ наречено „Куќата на змејот“ како и постери со ликовите.
„Куќата на змејот“ ќе почне со прикажување на 21 август. Улогите ги толкуваат Педи Консидин, Оливија Кук, Мет Смит, Ема Д’Арси, Фабиен Френкел, Рис Ајфанс, Стив Тусен, Ив Бест и Соноја Мизуно.
Заснована на романот „Оган и крв“на Мартин, серијата се одвива 300 години пред настаните од оригиналната серија, а нагласката е на куќата на Таргариен… Мигел Сапочник ќе ја режира пилот-епизодата и уште некои епизоди.