(Видео) Објавен трејлерот за “Клан“, серија за убиството на Аркан и растот на Земунскиот клан

(Видео) Објавен трејлерот за “Клан“, серија за убиството на Аркан и растот на Земунскиот клан

пред 3 години

Од српската продуцентска куќа „Светулка“ и режисерот Слободан Скерлиќ на крајот на годината пристигна новата серија „Клан“. Главни ликови во серијата се Шок и Паша, кои ги играат младите актери Александар Димитријевиќ и Недим Незировиќ.

Приказна со трагикомични ситуации што ги следат двајцата ситни крадци од белградските предградија. Случајно поради бизарни настани ќе се најдат во срцето на високиот криминал.

 

  

Серијата „Клан“ е инспирирана од животот на подземјето во Србија од крајот на минатиот и почетокот на овој век.

Првата епизода почнува со убиството на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, познат како „Тигар“,  во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград. Тоа ќе ги размрда мафијашките кругови во Србија. Паралалелно ќе го следиме патот на Шок и Паша,  кои во вистинскиот живот беа „Шиптар“ и „Кум“, водачите на „Земунскиот клан“.

  

Share
Scroll to Top