(Видео) Од обична журка ДНК направи нов спот

пред 3 години

ДНК во соработка со трап артистот Јанг Дади ја направи новата песна „Ваков таков“. Текстот на песната го напишаа Панчо и Јанг Дади, а музиката е на Панчо, Лазе Цветкоски и Борис Какуринов од „Дупер“.

„Снимивме дует со еден од најперспективните алтернативни трап артисти. Спотот го направивме за време на забавата на која го испраќавме на студии во Мадрид. Решивме забавата да ја преточиме во видео заради одличната енергија и позитивните луѓе кои беа присутни. Сето беше само надополнување на позитивната нота во песната. Позитивна песна, позитивни луѓе, интересен спој и се роди ‘Ваков таков’,“ велат Панчо и Андреј од ДНК.

Share
Scroll to Top