Остатоците од подморницата „Титн“, утрово беа извлечени на брегот. Огромни парчиња метал утрово беа истоварени од Хоризонт Арктикот на пристаништето на канадската крајбрежна стража во Сент Џонс, Њуфаундленд, Канада. Тие брзо беа покриени со големи церади пред кранови да ги подигнат на камиони кои ги однесоа на евалуација.
Да потсетиме, пет членови на екипажот на Титан, кој исчезна во неделата, трагично ги загубија животите, а врз основа на остатоците од подморницата, експертите заклучуваат дека несреќата била предизвикана од имплозија.
Подморницата Титан исчезна на почетокот на овој месец, но остатоците на крајот беа откриени.
Контраадмиралот Џон Могер на прес-конференција рече дека е премногу рано да се каже кога се случила експлозијата. Патем, имплозијата е процес со кој подморницата е здробена однадвор од хидрауличниот притисок на водата што ја опкружува. Се претпоставува дека катастрофата се случила уште пред да се започне спасувачката операција.
Екипажот на подморницата се состоеше од пет лица: британски милијардер, француски пилот на подморница, пакистански бизнисмен и неговиот 19-годишен син и извршен директор на Ocean Gate, компанијата која управува со Титан.