Фудбалерот на Уругвај, Единсон Кавани, по мечот со Гана на Светско, со бокс го удри ВАР мониторот. Напаѓчот беше нервозен откако судијата не му досуди пенал на мечот по еден старт направен врз него во шеснаесетникот на противникот.
Надевајќи се дека со помош на ВАР ќе добие пенал, Кавани на крајот реши фрустрацијата да ја истури над компјутерскиот систем. За потсетување, Уругвај победи на овој натпревар со 2:0, но не успеа да се квалификува понатаму на Светско. Во оваа група место за нокаут фазата обезбедија Португалија и Јужна Кореја.
Lo mejor de Cavani en el mundial pic.twitter.com/7LrpK4qWbN
— Mr.Baru (@crearOreventar) December 2, 2022