Македонскиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, го одигра последниот натрепвар за Џенова сезонава во италијанското првенство. Неговиот тим славеше на гостувањето против Каљари со 1:0. Стрелец на голот беше Елдор Шомуродов. Пандев играше до 57 минута, кога беше сменет.
Некои од италијанските медиуми пренесуваат дека тоа можеби биле последните минути за капитенот во клупската кариера.