Панчо од ДНК почна да работи во еден скопски ресторан како пица-мајстор. Вели дека ова му доаѓа како последица од немањето приходи за време на пандемијата. По три месеци обука за пица-мајстор, почнал да работи во кујната.
„Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас дека D’Kitchen и целиот нивен тим ме вработи и ми даде можност да го испечам занаетот за пица-мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи“, вели Панчо од ДНК.
Тој вели дека се радува оти ќе му дојдат гости за да пробаат што научил од специјалитетите во кујната. Голем број колеги и пријатели му дадоа поддршка. За време на пандемијата музичарите се едни од најпогодените, а на некои од нив им даде парична поддршка.