(Видео) Партнерот на глумицата Тања Робертс, која беше прогласена за мртва, во телевизиско интервју дознал дека е жива

(Видео) Партнерот на глумицата Тања Робертс, која беше прогласена за мртва, во телевизиско интервју дознал дека е жива

пред 3 години

Познатата глумицата Тања Робертс која вчера речиси сите светски медиуми ја прогласија за мртва, сепак е жива. Нејзиниот партнер Ланс Обрајан, среќните вести ги дознал додека имал телевизиско интервју во живо, пренесува „Индепендент“.

Тој примил повик во кој му кажале дека Робертс е жива, но е во тешка состојба.

„Сега ми велиш дека е жива“, рекол Обрајан и почнал да плаче во емисијата, по што објаснил дека добил повик од болницата од одделот за интезивна нега, каде била сместена Робертс.

Актерката која играше со Роџер Мур во филмот со Џемс Бонд „A View to a Kill“ била хоспитализирана откако паднала во нејзиниот дом.

Нејзиниот публицист Мајк Пингел по грешка ја пријавил 65-годишната актерка за мртва, што беше причина голем број светски медиуми, меѓу кои и реномираните Си-Ен-Ен и Би-Би-Си да објават дека починала.

Share
Scroll to Top