Огромен пајак ја исплаши австралиската министерка за здравство Ивет Дат, додека држеше прес конференција за медиумите. Додека зборуваше за најновите бројки за короната, еден од новинарите и викна да внимава и дека до неа има голем пајак.
„Може ли некој од вас ве молам да го тргне пајакот?, им рече Дат на луѓето од обезбедувањето па продолжи со пресот.
„Ќе продолжам да зборувам како да немам пајак на грбот, но, може ли да ме предупредите ако пак дојде“, се пошегува Дат.
“We’ve got Covid and we’ve got huntsman” ?️
⁰⁰Australian health minister Yvette D’ath interrupted during Covid press briefing by an unwelcome guesthttps://t.co/OpYKSFkJG8 pic.twitter.com/VJGeHeEvbK
— BBC News (World) (@BBCWorld) December 17, 2021