Американскиот претседател Џо Бајден кој неодамна доживеа незгода додека возеше велосипед во за време на одморот во Делавер, сега објасни како и зошто паднал.
Според него виновни биле педалите, односно делот, штитникот, кој се става на нив и го спречува стопалото да се помести напред. На видеата кои се раширија на интернет, се виде како Бајден не може да ја извлече ногата од штитникот и паѓа.
Тој брзо потоа стана и им рече на присутните дека е добар. Потоа тимот околу него соошти дека претседателот не се здобил со никакви повреди исекотини и изгребаници.
Бајден носеше сива маица, темносин шорц и патики „Наик“. Тој возеше со својата сопруга Џил Бајден и група телохранители, а незгодата се случи додека поминуваше покрај новинарските екипи. Тој често вози велосипеди додека престојува во Делавер.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Директорот на најголемата империја на вештачка интелигенција вели дека таа може да не убие сите, но тој сепак сака луѓето да ја користат што е можно повеќе
Жулиет Бинош ќе ја добие наградата „Гоја“ за особен придонес во шпанската кинематографија
Тепачка во Аеродром: Маж нападна млад дечко за паркинг место
Џулијан Асанж доби дозвола да се ожени во затвор
Хороскоп за 18 август: Рибите да гледаат позитивно на работите, нова љубов за лавот
(Фото) Ирина Шајк во порнокреација за новата ревија

