Познатата мексиканска пејачка и глумица, Ниурка Маркос (53), се разголе за време на гостувањето во емисијата „Де Примера Мано“. Таа ги покажа градите додека емисијата одеше во живо.
Режијата брзо успеала да реагира и да пушти друг кадар од студиото, додека водителот Густав Адолфо Инфанте мораше на крајот да им се извини на гледачите.

Тој рече дека не знаел дека Ниурка планирала да направи такво нешто. Пред да се разголли, тие разговарале за нејзиниот одмор на една нудистичка плажа во Мексико. Таа рече дека се сликала топлес, а фотографиите ги објавила на интернет.

Ниурка е позната во јавноста по нејзиното учество во шоуто „Големиот брат“ во Мексико од 2004 година, а зад себе има три брака и три деца.





