(Видео) Пејачот Мајкл Бенжамен почина среде концерт во Париз

(Видео) Пејачот Мајкл Бенжамен почина среде концерт во Париз

пред 4 години

Пејачот со хаитско потекло Мајкл Бенжамен, познат ако Микабен, почина во текот на неговиот концерт во Париз, пренесе агенцијата AFP. Се претпоставува дека 41-годишниот пејач на сцената доживеал срцев удар.

dobivaj vesti na viber

Тој настапувал како гостин на концертот на групата Карими во париската сала „Акор“, која има капацитет од 20.000 гледачи. На видеата што се појавија на интернет се гледа како пејачот се обидува да ја напушти сцената. Тој паѓа во бесознание пред публиката, по што настапот е прекинат и биле повикани лекари, рекле очевидци за агенцијата.

„Потресен сум од ненадејната смрт на младиот и многу талентиран Мајкл Бенжамен. Изгубивме икона на хаитската музика“, напиша во пораката со сочувство премиерот на Хаити, Ариел Анри.

Хаитските медиуми јавуваат дека Микабен имал сопруга која е бремена.

„Не можам да зборувам. Ја загубив својата втора половина“, напишала вдовицата на пејачот на социјалните мрежи.

Мајкл Бенжамен освен што пеел, бил и текстописец и продуцент. Роден е во 1981 година во Порт-о-Пренс, во семејството на познатиот хаитски пејач Лајонел Бенжамен.

Share
Scroll to Top