(Видео) Пингвин се спаси од орка китови со скок во чамец преполн со туристи

(Видео) Пингвин се спаси од орка китови со скок во чамец преполн со туристи

пред 3 години

Драматичнио видео, исплашен пингвин се спасува од големите орка китови со скок во чамец полн со туристи, во студените води близу Антарктикот.

Китовите биле во интензивна потрага по храна кога забележале мал пингвин. Но, нивната трка по храна на среќа на малиот пингвин завршила неуспешно. бидејќи снаодливиот пингвин избега скокајќи на еден од гумените чамци полн со туристи.

Во видеото се гледа како пингвинот излегува на работ на бродот, каде туристите не му помагаат додека навиваат за него од другите брод. Потоа бродот, во кој бил тој започнал да се оддалечува, но орките го следеле.

Меѓу сведоците биле и блогерот за патувања Мет Карстен и неговата сопруга Ана, кои го снимиле овој необичен настан.

„Беше лудо да го видам ова со свои очи. Беше како да гледате епизода на ’Национална географија’ во живо. Претпоставувам дека пингвинот се олесни откако избега “, рече Карстен.
Видеото завршува со тоа што пингвинот гордо стои на бродот, заштитен од напаѓачот.

По кратко крстарење, пингвинот се прости од туристите и скокна назад во ледената вода.

 

Share
Scroll to Top