Состојки:
- неколку свежи пиперки
- неколку чешниња лук
- малку масло
- малку зачин
- 3 јајца
- 250 гр сирење
- малку сол
Подготовка: Подмачкајте ја тавата, исечете ги пиперките и ставете ги во тавата, а потоа додадете и лук. Оставете ги малку да се печат во рерна. Потоа, направете смеса од сирење, јајца и сол по вкус. Смесата истурете ја врз пиперките и вратете ги во рерна да се печат. Накрај посипете со зачин по желба.