(Видео) Пијан чувар настрада откако нападна камила во Русија

(Видео) Пијан чувар настрада откако нападна камила во Русија

пред 2 години

Пијан Русин кој работел како чувар во ловечката база во Омската област во Русија, настрада откако нападнал камила. Веста ја соопштија од прес-службата на регионалното обвинителство пренесе РИА Новости. Оттаму велат дека инцидентот се случил на 21 јануари во базата во близина на селото Приозерка.

Станува збор за место во Тјукалинскиот округ во Омската област. Објавено е и видео на кое се гледа камилата како собори мажот на земја, а потоа го згмечила.

„Од повредите чуварот починал во болница“, соопштија од локалното обвинителство.

Главниот специјалист на фармата за камили во местото Аксаријска, регион во Страхан, Марат Гајнулин, рече дека чуварот е виновен за инцидентот. Прв почнал да го удира животното кое само природно реагирало.

„Камилите не сакаат пијаници. Природна реакција на агресија е самоодбрана. Камилата го гризнала, а потоа го згмечила со телото. Можела и да го гази, но, тоа не се случило“, рече Гајнулин.

Директорката на местото Алфија Истелејева, исто така рече дека чуверот прв го испровоцирал животното. Според неа камилите се безопасни и обично не ги напаѓаат луѓето, но во зима, во сезона на парење, рече дека е подобро да не се провоцираат мажјаците.

Share
Scroll to Top