На насловната страница на мексиканското издание на магазинот „Плејбој“ за прв пат во историјата се појави фотографија од девојка која е создадена со помош на вештачка интелигенција (АИ).
Сите фотографии на таканаречената Саманта Еверли се објавени во тој број се генерирани од невронска мрежа, а таа е претставена како 23-годишна девојка со руса коса и сини очи.
Моделот направен со вештачка интелигенција има профили на социјалните мрежи и повеќе од 119.000 следбеници, а веб-страницата на „Плејбој“ тврди дека нејзината популарност „расте како шумски пожар“.
Во Плејбој е објавено и „интервју“, во кое манекенката тврди дека е голема чест да се биде на насловната страница на ова списание.
Во февруари компанијата „Епл“ го претстави MGIE, мултимодален АИ модел за уредување слики, а калифорниската компанија „Опен АИ“ го претстави моделот за вештачка интелигенција „Сора“, кој создава реални видеа врз основа на внесување текст, за само една минута, објавија медиумите.