(Видео) Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд е пуштен на слобода

(Видео) Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд е пуштен на слобода

пред 4 години

Дерек Шовен, поранешниот полицаец од Минеаполис, кој го задуши Афроамериканецот Џорџ Флојд, е пуштен од затвор. Шовен излегол на слобода во средата утрото, откако претходно платил кауција од милион долари.

За потсетување, Шовен заврши во затвор на 31. мај, откако претходно беше уапсен и обвинет за убиство од втор степен. Тој беше осуден откако во јавноста се појавија видео снимките на кои се гледа како тој со колено клечи на вратот на Флојд и полека го задушува.

Шовен беше снимен за време на приведувањето на Флојд. Тој речиси девет минути клечел со коленото на неговиот врат, додека Флојд го молел да го пушти, затоа што не може да дише. Резултатите од обдукцијата покажале дека Флојд починал од последица на гушење.

Овој случај покрена цел бран на протести против полициско насилство, не само во Америка, туку и пошироко во светот.

Потврдата за ослободувањето од затвор ја објавија од канцеларијата на шерифот во округот Хепенин. Велат дека станува збор за условен отпуст.

 

 

Share
Scroll to Top