(Видео) Почина млад американски рапер

(Видео) Почина млад американски рапер

пред 3 години

Американскиот рапер, Дашон Робертсон, познат како Лил Лоудед, почина на 20. годишна возраст, пренесуваат светските медиуми. Музичарот со потекло од Далас, беше познат со песната Blocc Baby, која од 2019 година, е меѓу најпрегледаните песни на „Јутјуб“.

Дашон починал во понеделникот на 31. мај, а тажната вест ја сподели неговиот адвокат. Во разговор за Dallas Morning News, тој рече дека неговата смрт била многу трагично и дека пејачот не насетил дека неговиот живот ќе заврши толку брзо.

„Пред него беше голема и перспективна музичка кариера“, изјавил тој.

Стенли Габарт, чија продуцентска куќа соработувала со музичарот, рече дека веста го шокирала.

„Ова дете беше на одличен пат“, рече Габарт.

Причините за смртта на Дашон засега не се објавени. Неговата најнова песна Hard Times, беше објавена минатата недела и веќе има милион прегледи.

Share
Scroll to Top