Бритни Спирс по седум години пауза објави нова песна. Станува збор за дует со раперот vill.i.am наречена Mind Your Business, а коментарите и реакциите се поделени. Едни се воодушевени, на други не им се допаѓа. Многумина забележаа дека гласот во песната не е на Бритни и дека е преработен.
Американските медиуми пишуваат дека добро во целата оваа работа е што поп пејачката конечно се врати на музиката. За потсетување, нејзината последна песна ја објави во 2016 година, а во 2022 го позајми гласот за песната на Елтон Џон Hold Me Closer.