(Видео) По седум години Бритни објави нова песна

(Видео) По седум години Бритни објави нова песна

пред 10 месеци






Бритни Спирс по седум години пауза објави нова песна. Станува збор за дует со раперот vill.i.am наречена Mind Your Business, а коментарите и реакциите се поделени. Едни се воодушевени, на други не им се допаѓа. Многумина забележаа дека гласот во песната не е на Бритни и дека е преработен.

Американските медиуми пишуваат дека добро во целата оваа работа е што поп пејачката конечно се врати на музиката. За потсетување, нејзината последна песна ја објави во 2016 година, а во 2022 го позајми гласот за песната на Елтон Џон Hold Me Closer.






Share
Scroll to Top