(Видео) По три години во кома, Реми пак прави акробации на велосипед

(Видео) По три години во кома, Реми пак прави акробации на велосипед

пред 3 години

По тешката несреќа поради која лекарите го ставија во индуцирана кома пред три години, австралискиот авантурист и ѕвезда на планинскиот велосипедизам Реми Мортон се опорави и продолжи со подвизи.

 

Неговиот дух е нескршлив и тоа го покажа во новото видео од серијалот Sound of Speed снимено во Нов Зеланд, каде демонстрира сирова енергија при вртоглаво возење по планински карпи.

Мортон е роден во Квинсленд и пораснал возејќи BMX, за подоцна да се префрли на трки со спуст со планински велосипед и да стане миленик на публиката на Светското првенство за млади UCI во 2015 и 2016 година.

Во  2017, тој претрпе сериозна несреќа која заврши со скршен врат, скршени ребра, скршен колк и пункција на белите дробови на две места.

Лекарите за неговите повреди рекле дека изгледале како да паднал од трикатница и заклучиле дека удрил во тлото со брзина од 75 км/ч.

Австралиецот мораше да биде ставен во индуцирана кома за време на опоравувањето, во кое изгуби повеќе од 20 кг. Проценките на лекарите биле дека тој никогаш повеќе нема да може да вози велосипед и дека ќе биде среќен ако може да оди нормално. Но, тој во рок од шест месеци се опорави од повредите што можеа да значат крај на неговата кариера и повторно беше на велосипед.

Share
Scroll to Top