(Видео) По „Јано мори“ младиот Ајдин Османовиќ ja испеа и традиционалната „Учи ме мајко карај ме“

(Видео) По „Јано мори“ младиот Ајдин Османовиќ ja испеа и традиционалната „Учи ме мајко карај ме“

пред 12 месеци

Дванаесетгодишниот Ајдин Осмоановиќ од Босна и Херцеговина кој пред два месеци стана миленик на македонската публика со изведбата на „Јано мори“, сега со професорот и ментор Јасмин Брашњик испеа уште една стара македонска традиционална песна „Учи ме мајко карај ме“. Видеото за брзо стана хит.

Двајцата на покана на градоаначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ќе дојдат на концерт во Македонија. Концертот ќе се одржи во Центарот за култура по повдот чествувањето на Свети Јоаким Крчовски и Светите браќа Кирил и Методиј.

,,Не беше тешко да се воспостави контакт преку социјалните мрежи со професорот на младиот Ајдин, Јасмин и без многу размислување ги поканив на гости во Крива Паланка“, рече градоначалникот Митовски.

На Свечената Академија ќе бидат прогласени и најдобриот просветен работник и најдобриот ученик за учебната 2022/2023 година.

По тој повод Митовски ги покани сите кои ќе сакаат да го чујат младиот Ајдин кој одлично ја разбира и сака, а уште подобро ја интерпретира македонската народна песна.

 

Share
Scroll to Top