(Видео) Прво јавно појавување на Меланија Трамп откако ја напушти Белата Куќа

(Видео) Прво јавно појавување на Меланија Трамп откако ја напушти Белата Куќа

пред 4 години

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп по година ипол од заминувањето од Белата куќа го имаше првото појавување во јавноста во емисија на ТВ Фокс њуз.

dobivaj vesti na viber

Меланија Трамп  во емисијата  зборува за недостигот на храна за бебиња низ земјата, велејќи дека „раководството“ е одговорно за кризата.

Меланија повлечена откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година. Имено, Меланија Трамп во декември објави дека го продава првиот незаменлив токен (NFT), наречен „Melania’s Vision“.

Тоа е првото дигитално уметничко дело што Меланија го продава на нејзината нова платформа за незаменливи токени, на страницата MelaniaTrump.com. Станува збор за акварел на уметникот Марк Антоан Кулом, кој и ги насликал очите, а во него има и аудио снимка од Меланија Трамп, соопштија од нејзиниот кабинет.

Дигиталното уметничко дело ќе чини околу 150 долари и ќе биде достапно за купување до крајот на годината.

Дел од приходите, како што е најавено, ќе бидат наменети за помош на децата од згрижувачки семејства.

Share
Scroll to Top