Украинец пријавил убиство за да ги примора властите да му го исчистат снегот од улицата пред неговиот дом, пренесуваат тамошните медиуми. Жителот од едно од село во Украина, пријавил дека го убил партнерот на неговата мајка.
Тој им објаснил дека ќе мораат да го исчистат снегот, за да можат со полициските возила да стигнат до неговата куќа. Кога полицијата се пробила до неговиот дом, утврдиле дека станува збор за лажна пријава. Човекот кој требало да биде мртов, ги дочекал зачудено.
Украинецот им признал на полицијата дека дал лажна пријава, затоа што сакал властите да си ја срабтат својата работа и да го исчистат снегот од пред неговиот дом. Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој сега би требало да плати казна во висина од три евра.
Властите до ден денес го немаат исчистено целосно снегот од целата улица пред неговиот дом.






