(Видео) Пронајдени животни на карпа под мразот на Антарктикот

(Видео) Пронајдени животни на карпа под мразот на Антарктикот

пред 3 години

Група истражувачи случајно откриле живи суштества на карпа под дебелиот мраз на Антарктикот. Истражувачите набљудувале камен што се наоѓал на длабочина од над 1,200 метри со go pro камера и откриле дека на него има живот.

Истражувањето е објавено неделава, а анализите биле направени помеѓу 2015 и 2018 година. Во истражувањето првпат се документираат неподвижни животни кои истражувачите ги идентификувале како сунѓери или друг вид безрбетници.

„Откритието е едно од оние среќни случајности што ги насочуваат идеите во различна насока и покажуваат дека морскиот свет на Антарктикот е специјален“, вели Хју Грифитс, водечки автор на истражувањето.

Не е необично да се најде живот во длабочините на отворен океан, но досега не бил откриен стационарен живот на копно, а под замрзната површина. Претходно се верувало дека на такво место може да живеат само подвижни животни бидејќи на овие места нема хранливи материи поради темнината.

Истражувачите откриле дури 22 посебни животни, но многу прашања остануваат неодговорени, за тоа како тие се хранат и како стигнале таму.

Истражувачите предлагаат теорија според која суштествата преживуваат долги периоди скокајќи помеѓу карпите под мразот.

Share
Scroll to Top