(Видео) Пронајден тигар кој недела дена се шетал низ улиците на Хјустон

(Видео) Пронајден тигар кој недела дена се шетал низ улиците на Хјустон

пред 4 години

Деветмесечен бенгалски тигар, кој исчезнал пред недела дена, бил пронајден во едно предградие во градот Хјустон, потврдила тамошната полиција. Тигарот веднаш бил предаден во прифатилиште за животни, пренесува „Би-би-си“.

Како што велат од полицијата, сѐ уште не е јасно каде сѐ животното се движело низ градот. Шефот на полицијата Рон Борч, вели дека животното најверојатно шетало околу куќите и дека било вистинска среќа што не нападнал некој од жителите. Тој вели дека станува збор за питом тигар.

На социјалните мрежи се појавиле и снимки на кои се гледа како тигарот се шетал низ улиците на градот Хјустон. Инаку, не е дозволено да се внесуваат тигри во градот Хјустон, иако во голем дел од местата во државата, тоа е дозволено, но, само под одредени услови.