Фудбалерот на Еквадор, Бајрон Кастиљо, падна во транс кога на крајот од натпреварот Меси му го подари дресот. Аргентина обезбеди пласман на Светското уште пред пред овој меч, но Меси сакаше да игра и против Еквадор, што беше на големо воодушевување на противникот.
Неколку играчи сакаа да го добијат неговиот сино-бел дрес со бројот 10, но на крајот Бајрон му го земе.. На младиот десен бек не му се веруваше кога го доби па почна да трча по стадионот.
Тој има седум настапи за сениорската репрезентација, а досега има играно само за клубови од Еквадор. Дресот на Меси ќе му биде највредниот трофеј во неговата колекција.
За потсетување, Еквадор и Аргентина одиграа нерешено 1:1, а и двете обезбедија пласман на Светското во Катар.
The reaction of Ecuadorian player Byron Castillo after receiving Lionel Messi’s Argentina shirt. This via TNT. pic.twitter.com/6ukuUGyukk
— Roy Nemer (@RoyNemer) March 31, 2022