(Видео) ПСЖ и Ливерпул на чекор до четврфиналето во Лига на шампиони

(Видео) ПСЖ и Ливерпул на чекор до четврфиналето во Лига на шампиони

пред 5 години

Синоќа беа одиграни првите натпревари во осмина финалето во Лига на шампиони. Фудбалерите н ПСЖ ја победија во гости Барселона со убедливи 4:1. Каталонците први поведоа со голот на Меси од пенал, но Французите направија пресврт преку Мбапе во 32 и 65 минута.

Мојзе Кен во 70 погоди за 1:3, а конечниот резултат го постигна Мбапе со хет-трик во 85 минута. Ревеаншот ќе се игра на 10. март.

https://www.youtube.com/watch?v=bUaPEmj9_-w

Во исто време Ливерпул беше подобар од Лајпциг во Будимпешта со 2:0. Мохамед Салах и Садио Мане беа стрелци за премиерлигашот, во 53 и 58 минута. Останатите мечеви во осминафиналето се Порто со Јувентус и Севилја со Борусија Дортмунд.

Наредните мечеви се играат наредната недела меѓу Атлетико Мадрид и Челзи, Лацио со Баерн Минхен, Аталанта со Реал Мадрид и Борусија Менхедгладбах со Манчестер Сити.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top