(Видео) ПKM со нова социјална нумера: „Крив правец“ – гласот на генерацијата заглавена меѓу брзи кредити и куфери за во странство

(Видео) ПKM со нова социјална нумера: „Крив правец“ – гласот на генерацијата заглавена меѓу брзи кредити и куфери за во странство

пред 2 часа

Овјавен е нов сингл и видео запис насловен „Крив Правец“ – моќна социјална хип-хоп нумера која директно ја отсликува реалноста на денешното општество.

Зад делото стои ПКМ , познат и како Пупе Кељавиот од Мичурин.

„Станува збор за песна што зборува за економската криза, масовното иселување, минималните плати, брзите кредити и чувството на безизлезност. ‘Крив правец’ ја отвора темата за генерации кои пораснаа со истите ветувања, а живеат со истите проблеми, испраќајќи порака дека без разлика дали си работник или интелектуалец – системот те става на ист испит“, вели раперот за „Репортер.мк“.



Вокалите се снимани во „Ошав продукција“, каде што е реализирана и аудио продукцијата. Музички продуценти на песната се Тец од легендарната хип-хоп група The Most Wanted, Мац АД Скопје, кој стои зад битот/инструменталот, како и Христијан како нивна најмлада поддршка.

Видео продукцијата е на S.B Studio – Sky Camera, а режијата ја потпишува Иван Солунчев, истиот режисер кој стои и зад претходниот проект на ПКМ – „Real Gun“. Во видеото настапуваат легендарниот Нино Леви, Александар Михајловски Хонда, како и Драгана и Ана Марија.

Во постпродукција е и првиот хип-хоп рап соло деби албум на ПКМ – „Автобиографија“, кој е планирано да биде промовиран во средината на мај 2026 година.

Share
Scroll to Top