Низ Скопје две години од пандемијата, денес беше малку поживо на улиците. Се чуствуваше оној осмомартовски шмек, иако далеку се зад нас деновите кога на големо се славеше 8 Март.
Екипата на Репортер направи анкета што мислат скопјани, како мажите ќе си поминат со своите дами па ѝ што им подариле.
Некои од жените се пофалија дека веќе ги добиле подароците, други пак за вечер чекаат изненадување од партнерите. Некои ни рекоа дека освен цвеќе “ќе има и вечера и пијачка’, а некои пак не сакаа да го откријат изненадувањто.
Како и да е, општ впчаток е дека мажите не го загубиле духот, па и желбата да подарат за 8.Март. .
Љ.Владимиров