Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос со солзи во очите се збогуваше со навивачите на Реал Мадрид. Фудбалерот од наредната сезона ќе игра за тимот на Севилја, од каде и пристигна во „кралскиот клуб“ во 2015 година. Тој беше 16 години дел од тимот на „Сантијаго Бернабеу“.
„Бев дете кога дојдов во Реал. Ќе се вратам еден ден, сигурен сум во тоа. Му благодарам на Реал, секогаш ќе го носам во срцето“, рече Рамос.
Тој со Реал освои 22 трофеи, меѓу кои се четирите во Лигата на шампионите. За клубот одигра 671 натпревар, постигнал 101 гол, забележал 40 асистенции.
? @SergioRamos toma la palabra por primera vez desde el anuncio de su marcha… y no puede evitar emocionarse ?
Sigue EN DIRECTO la rueda de prensa de despedida del capitán del Real Madrid: https://t.co/VWQarCNQdj pic.twitter.com/IXNA7Mrqhq
— MARCA (@marca) June 17, 2021