Легендарниоте глумци од „Пријатели“, Џенифер Анистон и Дејвид Швимер, открија дека биле заљубени вистински и зад камерите, додека се снимала популарната серија.
На повторната средба на екипата, двајцата потврдија дека имале силни чувства кон другиот, но, никогаш не останале заедно, затоа што биле во врска со други и тоа го почитувале. Познатиот британски продуцент и глумец, Џејмс Корден, вели дека тоа било нормално.
Корден вели дека е нормално што се појавила хемија меѓу глумците, затоа што се работи за шест многу атрактивни ѕвезди. И претходно се говореше дека глумците ја прекршиле точката од нивните договори, која не дозволувала да се заљубат еден во друг, но, тоа никогаш не го признаа.
Сега, за првпат по 27 години, Дејвид и Џенифер открија дека двајцата биле заљубени.
„Првата сезона бев многу заљубен во Џен и по само неколку моменти и двајцата имавме силни чувства еден кон друг. Но, бевме во врска со други и никогаш не ја минавме таа граница. Секогаш го почитувавме тоа“, изјавил Дејвид, на што Џенифер додаде:
„Се сеќавам дека му реков на Дејвид: Ќе биде грозно ако бидеме заедно уште првиот пат кога ќе се појавиме на национална телевизија. Првпат се бакнавме во кафичот. Но, целата наша љубов ја насочивме кон нашите улоги кон Рос и Рејчел“.
Фановите на социјалните мрежи коментираат дека им е драго што популарните глумци повторно се заедно, но и ги критикуваа поради промените кај нив и дека претерале со естетските зафати. Специјалната епизода „Пријатели: Обединување“ веќе почна се емитува од вчера.