(Видео) Риалити убавицата се откажува од целибатот: „Сакам да се омажам и да имам трето дете“

(Видео) Риалити убавицата се откажува од целибатот: „Сакам да се омажам и да имам трето дете“

пред 6 часа

Риалити ѕвездата Клои Кардашијан повторно е тема поради својот приватен живот. Откако шокираше многумина кога откри дека е во целибат четири години и не верува дека сака маж во својот живот, сега проговори за своите планови за трето дете.

Со оглед на тоа што Клои има две деца со Тристан Томпсон, и како што истакна, по нејзината турбулентна врска со него не била со ниту еден друг маж, во својот подкаст зборуваше за можноста за трета бременост.

„Не знам дали имам капацитет за трето дете. Сепак, не сум ниту мажена, сакам да бидам мажена за да можам да имам повеќе деца“, е искрена Клое.

Риалити убавицата откри и дека би сакала нејзината ќерка да ја почувствува таа сестринска љубов, но исто така, малата Тру е многу блиска со своите братучетки.

Клои Кардашијан зборуваше за оваа тема и претходно, иако во тоа време изгледаше како да се шегува. Кога го доби синот Тејтум, таа рече дека нејзините желби да има и син и ќерка се оствариле, па сега „продавницата е затворена“.

Share
Scroll to Top