Крис Џенер, ријалити ѕвездата и „глава“ на кланот Кардашијан-Џенер, откри дека лекарите и дијагностицирале тумор.
Во трејлерот за петтата сезона на Кардашијан беше прикажано нејзиното откритие, а сега излезе епизода во која Крис зборуваше за својата болест.
Камерите го снимија моментот кога Крис им ја откри веста на своите ќерки Кендал, Ким и Клои.
„Сакав нешто да ви кажам бидејќи се уште не ви кажав, но отидов на лекарски преглед. Многу сум емотивна поради тоа, но… Ми најдоа циста и мал тумор на јајникот. Потоа отидов кај докторот кој ми рече дека морам да ги отстранам јајниците.
Таа додаде дека тоа е знак дека завршила со едно цело поглавје од нејзиниот живот.
Ким Кардашијан проговори пред камера откако ја слушна веста.
„Да се оперираш и да ти ги отстранат јајниците е голема работа. Се чувствувам многу тажна поради неа. Не можам ни да се замислам себеси во таа ситуација и колку би се исплашила да поминам низ тоа“, рече таа.