(Видео) Ријана во црвена тантела и латекс спремна за Денот на вљубените

(Видео) Ријана во црвена тантела и латекс спремна за Денот на вљубените

пред 3 години

Денот на вљубените се приближува, а поп пејачката и дизајнерка Ријана ја претстави најновата колекција на секси долна облека создадена во рамките на нејзиниот бренд Savage X Fenty по  тој повод.

Ријана сними декадентна рекламна кампања, во огнено црвен латекс и долна облека од тантела, а заводливиот стајлинг го заврши со накит вреден два милиони долари.

Ѓерданите, нараквиците и прстените со рубини  совршено се споија со колекцијата на Ријана, што се гледа и по коментарите на нејзините обожаватели.

“Ова е токму онака како што треба да изгледа вистинска божица на љубовта! Само вие го спасивте пандемискиот Ден на вљубените!”, коментираа фановите.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top