(Видео) Роверот на НАСА со историска звучна снимка: Ветерот на Марс сега може да се слушне и на Земјата

(Видео) Роверот на НАСА со историска звучна снимка: Ветерот на Марс сега може да се слушне и на Земјата

пред 3 години

 

Роверот „Истрајност“, кој пристигна на површината на Марс на 18 февруари, по првото тест возење, ги испрати првите звуци што ги сними на оваа планета.

Уредот SuperCam монтиран на самиот врв на роверот може да ја анализира геолошката структура на Марс на пет различни начини, што ќе им помогне на научниците да изберат карпи од кои подоцна ќе земат примероци, кои ќе се користат за микробиолошки истражувања кои треба да одговорат на прашањето дали на Црвената Планета некогаш имало живот, објави НАСА.

Меѓу првите податоци има звуци од површината на Марс, па сега е можно да се слушне како звучи ветерот на оваа планета.

„Неверојатно е колку добро работи SuperCam на Марс“, рече планетарниот научник Роџер Винс, менаџер на проектот SuperCam.

„Кога почнавме да го дизајнираме тој инструмент пред осум години, бевме загрижени дека сме премногу амбициозни. Сега е горе и работи совршено”, додаде тој.

На 9 март НАСА објави три аудио-датотеки од SuperCam кои биле снимени само 18 часа по слетувањето. Звукот на ветрот на Марс се слуша во првата снимка.

„Звуците се со извонреден квалитет. Тешко е да се поверува дека научно ќе ги анализираме првите звуци некогаш снимени на површината на Марс!” рече планетарната научничка Наоми Мардок.

Во третата аудиоснимка се слушаат звуците на ласерот насочен кон карпа оддалечена околу три метри. Некои ласерски звуци се погласни од другите, што им дава на научниците некои информации за физичката структура на карпестите делови, како што е нивната релативна цврстина.

Share
Scroll to Top