Култниот бенд „Ролинг стоунс“ вчеравечер одржа концерт пред 300 луѓе на стадионот во Масачусетс, прв по смртта на нивниот долгогодишен тапанар Чарли Вотс. Мик Џегер рече дека овој концерт е посветен на Вотс, кој почина минатиот месец на 80 години. Групата во тоа време имаше проби во Бостон, а поради ограничувањата за патувања поврзани со пандемијата никој од членивите не можеше да присуствува на погребот на тапанарот во Англија.
„Ова е тажна ноќ за нас, тргнуваме на прва турнеја во последните 59 години без нашиот сакан Чарли. Многу ќе ни недостига, на сцената и надвор од неа. Имаме толку многу сеќавања за него“, рече Џегер.
— Mick Jagger (@MickJagger) September 21, 2021
„Чарли, се молиме за тебе и свириме за тебе“, додаде гитаристот Рони Вуд.
Вотс свиреше со „Ролинг стоунс“ од 1963 година. Сега наместо него, на тапани ќе свири Стив Џордан, кој соработува со бендот од 1980-те години.