Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ, за својот 33. роденден, доби романтичен подарок од својот сопруг, екс фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.
Поранешниот играч на Баерн Минхен и го честиташе роденденот на сопругата, објавувајќи видео на кое тој зборува на српски јазик.
На крајот на видеото, Швајнштајгер и покажа подарок од огромен букет на цвеќиња.
„Срце мое, ти посакувам сè најдобро. Среќен роденден. Те сакам најмногу! За тебе“, порача Бастијан во видеото кое ѝ го посвети на сопругата.