Кристијано Роналдо по 18 години повторно се врати во Манчестер Јунајтед и постигна два гола на Олд Трафорд. Фановите го пречекаа со овации, а меѓу нив беше девојче со транспарент на кој прашува дали може да се омажи за син му.
„Роналдо, може ли да се омажам за Јуниор“, праша таа.
Роналдо ја направи и неговата мајка горда. Таа беше на стадионот и заплака по двата постигнати гола на нејзиниот син. За потсетување, Манчестер Јунајтед го подбеди Њукасл со 4:1, а покрај Роналдо, голови дадоа и Фернандес и Лингард.
Манчестер Јунајтед по четири одиграни кола е прв на табелата со 10 бода, исто колку и Челзи. Следуваат Манчестер Сити, Брајтон и Тотенхем со по 9 бодови.