Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, на синоќешниот тренинг во Лига на шампиони, ја погоди со топка жената од редарската служба која стоеше зад голот. Од силниот удар таа падна на земја, а Португалецот дојде до неа за да се увери дека се е во најдобар ред.
Во знак на извинување тој и го подари неговиот дрес.
За потсетување, Манчестер Јунајтед вчера изгуби од Јанг Бојс со 2:1, иако први дојдоа во водство, со голот на Роналдо. Настапот против Јанг Бојс му беше број 177 во Лига на шампиони со што се израмни со Икер Касиљас на првата позиција. Втор е Чави со 151, а трет Меси со 149.
Инаку жената е добра, а да не го осетеше ефето на Роналдо, немаше да си оди дома со подарок.
Cristiano Ronaldo gesture after he unfortunately knocks down a steward with a shot before the game.
You love to see this.❤️?pic.twitter.com/U2lAuKFTPj
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) September 15, 2021