(Видео) Роналдо објасни зошто не ја запросил Георгина, снимката стана вирална

(Видео) Роналдо објасни зошто не ја запросил Георгина, снимката стана вирална

пред 1 година

На интернет стана вирално видео на кое се гледа како фудбалерот Кристијано Роналдо објаснува зошто се уште не ја запросил својата партнерка Георгина Родригез. Парот е во врска речиси десет години, имаат деца, но не се во брак.

Станува збор за клип од шоуто на Нетфликс „Јас сум Георгина“ и стана вирален во последните денови. Во клипот Георгина вели дека нејзините пријатели често ја задеваат бидејќи Роналдо се уште не ја запросил.

„Не зависи од мене“, изјави Георгина, а потоа Роналдо објасни зошто се уште не предложил брак.

„Секогаш велам: Кога ќе го почувствувам тој клик. Како и сè во нашите животи, и таа знае за што зборувам“, рече тој и додаде: „Тоа може да биде за една година или за шест месеци или за еден месец. Илјада проценти сум сигурен дека тоа ќе се случи“.

Share
Scroll to Top