(Видео) Русин порачал плескавица во Белград, па се разочарал кога му ја заборавиле нарачката

(Видео) Русин порачал плескавица во Белград, па се разочарал кога му ја заборавиле нарачката

пред 9 месеци






Руски тиктокер познат како Ник, деновиве е во посета Белград, од каде снима интересни видеа и занимливости за градот. Деновиве снимаше за невремето, но и за тоа како си поминал во еден ресторан за брза храна. Рече дека нарачал плескавица, но се разочарал кога му ја заборавиле нарачката.

„Го знаете она чувство кога ќе влезете во ресторан за брза храна да нарачате плескавица и ви велат да почекате пет до десет минути. Тогаш вие ќе седнете и ќе поминат 15 минути. Гледате како луѓето кои нарачале после вас ги земаат своите плескавици. Им се приближувате на персоналот и не знаете како да ги прашате, затоа што слабо зборувате српски. Па ќе се испостави дека едноставно ве заборавиле. Тоа е тажно“, рече Ник, кој потоа се пожали дека некој му ја дупнал гумата од велосипедот.

„Но, тоа не е најтажното нешто. Кога ќе излезете од работа и ќе сфатите дека на вашиот велосипед му е дупната гумата“, дополни тој, а неговите фанови го поддржаа и рекоа дека имал само лош ден.

„Лош ден, брат мој, испиј ракија и слушни некоја песна. И мене ми го забораваат и помфритот, а јас не сум ни странец“, му коментираа тие.

@choco_nik Samo nesretan dan #serbia #srbijatiktok #srbija #beograd #belgarde #novisad #balkanstyle #balkan #serbs #сербия #белград #эмиграция #экспаты #россия #pljeskavica #fastfood #nesreca ♬ оригинальный звук – choco_nik






Share
Scroll to Top