(Видео) Руски бизнисмен од стар авион направи луксузна вила

(Видео) Руски бизнисмен од стар авион направи луксузна вила

пред 1 година

Рускиот бизнисмен Феликс Демин купил напуштен Боинг 737. Авионот сега е во процес на пренамена во вила со две спални. Предвидено е да има и тераса на врвот на крилото и простран базен. Овој објект ќе биде достапен за посетителите од март годинава.

Цената за престој во една од спалните соби со минималистички дизајн и уживање во бањата во поранешната пилотска кабина не е баш во опсегот на стандардните хотели. Проектот е веќе наведен како достапен за изнајмување за 7.367 долари.

Како што објави Бизнис инсајдер, биле потребни седум дена за да се премести авионот на нова локација на врвот на ридот, откако сите дозволи биле добиени во септември 2021 година. Авионот бил преместен на два дела пред да биде повторно составен откако бил поставен на нова локација. Трупот на авионот останал во иста форма, додека системите за летање биле отстранети за да се направи простор.

Вилата која се вика „Прајват џет вила бај Хангинг Гарденс“ се наоѓа на врвот на карпа во близина на 1,5 километарската плажа Нианг Нианг, блиску до познатата дестинација за сурфање Улувату.

 

Share
Scroll to Top