(Видео) Салма Хајек по Оскарите го раскопча фустанот и се фрли на јадење месо во кујната

(Видео) Салма Хајек по Оскарите го раскопча фустанот и се фрли на јадење месо во кујната

пред 1 година

Холивудската актерка Салма Хаек сподели видео на Инстаграм, кое ги насмеа нејзините 23 милиони следбеници.

Актерката во видеото е облечена во свечениот фустан кој го носеше на Оскарите, но откопчан на грбот додека таа јаде парче месо во кујната.

Фановите на Хаек коментираат дека тоа што таа го прави сме сите ние кога ќе се вратиме дома од ноќно излегување, додека пак ќерката на Салма коментира додека го снима видеото „очекувања наспроти реалност“.

Актерите Антонио Бандерас и актерката Џулија Гарнер исто така ја поддржаа Салма во своите коментари.

Салма привлече внимание на Оскарите во црвен светкав фустан од Гучи, а дојде со ќерката Валентина Палома Пино (15).

Share
Scroll to Top