(Видео) Само што дознав дека имам мултиплекс склероза: Дрејк прекина концерт за да објави дека ќе и плати лекување на обожавателка

(Видео) Само што дознав дека имам мултиплекс склероза: Дрејк прекина концерт за да објави дека ќе и плати лекување на обожавателка

пред 1 година

Канадскиот музичар Дрејк  ја воодушеви публиката на концертот во Торонто кога го прекина својот настап за да каже дека ќе плати лекување за обожавател кој се бори со мултиплекс склероза.

Девојчето на концертот пристигна со транспарент на кој пишуваше:

– Само што дознав дека имам мултиплекс склероза. Дали би ми помогнале?

– Ќе направам се што е потребно за да ти ја пружам најдобрата помош на светот. Го имаш мојот збор – рекол раперот откако го забележал транспарентот и додал дека и неговиот долгогодишен продуцент се бори со мултиплекс склероза и дека може да ги поврзе.

Дарежливоста на Дрејк дополнително ја раздвижи толпата кога забележа неколку транспаренти со обожаватели кои го молеа да им ја плати школарината за факултет.

– Некој да ја најде таа личност. Еве што ќе правиме. Ќе ви ја платиме школарината – рече на општо воодушевување на присутните.

Да потсетиме дека Дрејк неодамна откри дека планира да се одмори од музиката.

– Ќе бидам искрен, морам да се фокусирам пред се на моето здравје. Сакам луѓето да бидат здрави во животот – објаснил тој.

Share
Scroll to Top